Академија за дизајн

16 недели учење со работа на реални проекти + 8 недели платена пракса

Graphic Design, Web Design, UX/UI Design

Graphic design

Branding & Logo Design

UX/UI 

design

Web 

design

Како да станеш врвен дизајнер?

Време е да креираш легендарен дизајн за кој ќе се зборува. 

Од скица до дизајн на апликации - стани дизајнер со работа на реални проекти.


Brainster Академијата за дизајн е супер-интензивна 16 неделна програма која учесниците ќе ги трансформира во професионални дизајнери. На сите учесници им следува 8 неделна платена пракса.


Целта е најмалку 95% од учесниците да започнат со работа како дизајнери во маркетинг агенции, компании, фриленс, на голем проект или во своја компанија не подоцна од 6 месеци по завршувањето.


Без разлика дали си маркетер, студент, професор, претприемач или програмер, Brainster Академијата за дизајн е во потрага по неуморни индивидуи кои ја користат секоја шанса за професионално надградување, подготвени да напредуваат во интензивна средина за учење и сакаат да станат професионални дизајнери.

16 недели учење + 8 недели пракса = 24 неделна кариерна трансформација

Ги собравме најискусните дизајнери од Македонија и регионот за да ги создадеме дизајнерите на иднината.



Побарувачката за професионални дизајнери е поголема од било кога. Како што се зголемува потребата за онлајн присуство на компаниите, така се зголемува и потребата за добар дизајн кој ќе ја освои публиката. Ако креативноста е твоја силна страна и сакаш да биде твоја професија, тогаш оваа Академија е за тебе.


Дизајнерите треба да имаат искуство за да добијат работа на големи проекти, но тоа искуство немаат каде да го стекнат бидејќи се уште работат на мали проекти. На оваа Академија ќе ги стекнеш оние вештини кои се веднаш применливи на работно место. Ќе го подготвиш своето дизајнерско портфолио, ќе стекнеш практично искуство и ќе почнеш да работиш на креативни проекти.


✓ Интерактивно развивање на практични вештини

✓ Учење преку дизајнирање за клиенти

✓ Фидбек за твојата работа од најдобрите дизајнери во Македонија

✓ Загарантирана 8 неделна платена пракса по завршувањето

✓ Искуството на најдобрите дизајнери од Македонија, пренесено за 4 месеци

✓ Учење на процесот - од идеја до комплетен дизајн







BRAINSTER НИЗ БРОЈКИ

120+

5000+

400+


ТРЕНИНЗИ

КОМПАНИИ

УЧЕСНИЦИ

230+

ПРОЕКТИ

ЗАПОЗНАЈ ГИ ТВОИТЕ ИНСТРУКТОРИ

Даниел Јанев

Дијана Димитриевска 

Ана Тодоровска

Дарко Аницин


Јане Наумоски 

Небојша Гелевски - Бане

Зоран Кардула

Графички дизајнер со специјалност лого дизајн и бренд идентитет. Искуство во маркетинг агенции и како фриленсер. Вљубеник во типографијата, кирилицата и минимализмот како стил.

Уметник, дипломиран електроинженер, веќе 18 години професионален графички дизајнер, а 30 години се занимава со сликарство. Работи како дизајнер во агенцијата „Публицис“ од Скопје.

Сениор UX/UI дизајнер во Ендава. Со голем ентузијазам работи и се усовршува како дизајнер повеќе од 10 години.

Графички и индустриски дизајнер, концептуалист, заљубеник во визуелна и музичка нарација и нивните интерферци, во приказните на формите, во емоциите на тоновите. 7 годишно искуство во дизајн студио, печатница и маркетинг агенција. Фриленс меѓу редови.


Графички дизајнер со 10 годишно работно искуство во печатница, графичко студио и маркетинг агенција. Фриленсер на различни проекти. Креатор на проектот Сувенири од Скопје.


Со повеќе од милион дизајнирани и испечатени страни, креирани брендови на бројни компании, е првиот човек на Кома лаб, една од водечките агенции за графички дизајн и печатење во РМ. Еден од основачите на студентското списание "Елфаско" на ЕТФ во 90-тите. Страствен вљубеник во фотографија. Графички активист.


Дипломиран ликовен уметник (графичар) со графички дизајн.

Графички дизајнер со 15 годишно работно искуство во креирање на брендови,

корпоративни материјали, кампањи, ребрендирање…

Управител на ТРИ ДЕ ДИЗАЈН МЕДИА.

UI/UX дизајнер со 5 годишно искуство. Дизајнер за првиот европски стартап кој земал Golden Kitty награда од Product Hunt. Дизајни публикувани на Designboom и Forbes.

Ангел Давчев

ПРОГРАМA

Ќе научиш преку работа на проекти за реални клиенти.

Пред да за почне Академијата, ќе поминеш низ 10 дневен подготвителен период за да ги усовршиш Adobe Photoshop и Adobe Illustrator. Кога ќе започне Академијата, првите 2 недели се посветени на основите на дизајнот.

 

Ќе ги совладаш најважните дизајн концепти, софтвери и алатки кои ти се потребни за да ја претставиш  твојата идеја на светот, како и практични вештини кои ќе можеш веднаш да ги примениш на работното  место. Ќе научиш да дизајнираш за повеќе канали. Од графички дизајн во Adobe Photoshop, Illustrator и InDesign,  до скицирање, типорафија, лого дизајн, постер дизајн, Creative Thinking, Package design, UX/UI, Web Design и Mobile Design, ќе станеш професионален дизајнер.


Со комбинација од индивидуална и тимска работа, во блиска соработка со менторите ќе изработиш повеќе од 10 готови проекти кои ќе ги вметнеш во твоето ново дизајн портфолио.


Без разлика дали сакаш да работиш фриленс, во маркетинг агенција, голема компанија или да започнеш свој бренд, на оваа Академија ќе стекнеш практични вештини за да дизајнираш проекти од светски ранг.


МОДУЛИ


Вовед во графички дизајн

- Кус историски преглед, графички дизајн, поим, суштина, функција, ликовно графички елементи,

- Дизајн на визитка

Скицирање

- Бриф за конкретен клиент

- Изработка на постер

Типографија

- Кус историски преглед на типографијата

- Кирилица, типографска терминологија и примена (kerning, leading, tracking, hierarchy...)

- Дизајн на типографско лого, дизајн на типографско пакување, дизајн на типографски постер  

Запознавање со Layout

- Дизајн на книга, публикација, списание, корица, практични примери

- Дизајн трендови во 2018 година

- Дизајн на CV

- Подготовка на 4 внатрешни страни од каталог / списание

- Дизајн на флаер / брошура со преклоп

- Дизајн на постер, процес на дизајнирање

- Геометриски пристап при дизајн

Постер дизајн

- Минимализам, дискусија и бриф, анализа, користење на илустрација и вежба

InDesign

- Основи

- Запознавање со ID, алатки, поставување документ, мастер страни, форматирање текст, работа со табели, работа со линкови и фотографии, подготовка за печатење и за веб на веќе искреиран документ

Дизајн на пакување 

Лого дизајн

- Лого бриф, истражување на клиент, процес на лого дизајн, векторизирање, избор на типографија, избор на бои, лого ефекти 

- Припрема на лого пакет

- Дизајнирање брендбук  

Creative Thinking

- Анализа, Филм постер и вежба

- Анализа, основи во типографски постер, дискусија и вежба

- Вовед во 360 адвертајзинг и развивање на идеја по канали, Photoshooting, формати на keyvisual

- Бренд вредности и кодови на комуникација, аdvertising & music, brainstorming

- Работа во Маркетинг Агенција, најнаградувани кампањи, фестивали

Package design

- Вовед во дизајн на пакување, инспиративна сесија, штанца, офсет, клише, ресурси

- Запознавање со материјали, еко дизајн

- Инспиративна сесија и дискусија

UX/UI Design

- Вовед во UX, размислување како UX дизајнер, UX tools

- UX concept: Wireframes, prototype, presentation, refine & repeat

- UI Design: Бои, фонтови, симболи, layout, гридови & UI алатки

- Комуникација со клиент, цел, навигација и гридови

- Responsive design, Mobile First пристап, Front-end планирање

- Дизајн на веб сајт

Групата за Академијата која започнува на 5ти ноември 2018 година е пополнета. 

Наредната група започнува во април 2019 година. Часовите се одржуваат 3 пати во неделата, започнуваат во 17:30 часот и траат сè до 20:30 часот.


Групата ќе биде составена од 15 учесници.

НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ

16 неделна Академија за дизајн: 1250€, со можност за плаќање на 6 рати без камата.

ЦЕНА

Brainster е компанија за едукација која комбинира податоци, врвен наставен план, експертиза, и ефективна стратегија за учење на вештини за маркетинг, програмирање, дизајн и бизнис.

+38970346949

Следете нѐ на:

За нас:

Продукти на Brainster:

Brainster © 2018