НАЈДОБРИТЕ ОД BRAINSTER

ЌЕ РАБОТАТ ЗА ТВОЈОТ БРЕНД

На располагање ти стојат талентите од Академијата за маркетинг, Академијата за дизајн и Академијата за програмирање.


logo brainster

СТАНИ НАШ LEARNING PARTNER

ШТО ДОБИВАШ

Креативни луѓе кои со своите вештини се спремни да ти помогнат веднаш

Најнови алатки и методи за надминување на предизвиците

Свежи идеи за унапредување на твојот бренд и можност за вработување на таленти

ЗА ПРОГРАМАТА

Learning Partner програмата на Brainster ти овозможува да предложиш тековен или иден проект на твојата компанија на кој ќе работат студентите од Академиите за маркетинг, дизајн или програмирање


Ти ќе ги запознаеш студентите со проектот и барањата и ќе ги дадеш генералните насоки, а нашите инструктори ќе ги надгледуваат и насочуваат студентите при креирање на предлози за проектот.


Изработените проекти или сегменти на проектот ќе можеш да ги искористиш веднаш, доколку тие ги задоволуваат твоите потреби, без никаков надомест.

ШТО ЗНАЧИ LEARNING PARTNER?

ШТО РЕКОА НАШИТЕ ПАРТНЕРИ?

Марија  Николова

Основач на Crux

Skopje

Сања Ѓорѓева

  Сопственик на Magniflex Macedonia

Јован Димитров

Сопственик на Rent a bike Skopje

„Премногу сум задоволна од студентите.  Целосно ја сфатија нашата цел и ни помогнаа преку социјалните мрежи за брзо време да ја исполниме .”

„Имплементираните активности, не само што донесоа зголемена посетеност на социјалните мрежи, туку и физички во самата продавница што придонесе за зголемување на продажбата и подобри бизнис резултати. ”

 .”

„Прекрасна е можноста креативни млади луѓе да работат на развој на твојот бизнис и тоа бесплатно. Дел од решенијата искористивме, а дел допрва ќе ги користиме бидејќи како завршен проект добивме целосна маркетинг стратегија.”

Досегашни и тековни партнери

Со приклучувањето на програмата твојата компанија ќе добие свежи идеи и ефективни решенија креирани со најновите алатки и по најновите глобални трендови.


На нашите студенти пак, ќе им помогнеш, со тоа што ќе стекнат значајно практично искуство во работење за реален бренд што ќе можат да го стават во своето CV и ќе им помогне во наоѓањето на работата што ја сакаат


БЕНЕФИТИ 

ДОСТАПНИ ОБЛАСТИ

Ова се областите за кои во моментов можете да предложите ваш проект или работна задача која би ја извршиле студентите од Brainster

  • Стратегија за дигитален маркетинг
  • Осмислување и креирање кампања
  • Креирање содржина за брендот (content)
  • Содржина и рекламирање на социјални мрежи
  • Рекламирање на Google
  • Креирање целни страници (Landing Pages)

  • Корпоративно брендирање
  • Креирање визуелен концепт за бренд или кампања
  • Дизајнирање промотивни и корпоративни материјали
  • Креирање лого
  • Креирање корица за книга или брошура
  • Креирање материјали за дигитална промоција
  • Постер дизајн

  • За проектите од областа на програмирањето, поради комплексноста, деталите и изводливоста се рагледуваат на заеднички состанок

Дигитален маркетинг

Графички дизајн

КАКО ДА АПЛИЦИРАШ

Наведи ги основните информации во формата за апликација

01

Нашиот тим ќе те контактира со повратна информација во најкус можен рок

02

Закажуваме состанок на кој дефинираме конкретни чекори за почнување на проектот

03

ИЗРАСНИ ГО ТВОЈОТ ТИМ

Инвестицијата во луѓето е најдобрата инвестиција за една компанија. Избери помеѓу tailor made обука, специјално креирана според потребите на твојот тим (project management, digital transformation, soft skills); праќање на поединци од тимот на нашите редовни обуки или регрутација на талент од Академиите на Brainster по наша препорака.

ШТО ДРУГО МОЖЕМЕ ДА НАПРАВИМЕ ЗА ТЕБЕ

BRAINSTER НИЗ БРОЈКИ

ОБУКИ

400+

СТУДЕНТИ

8000+

ВРАБОТЕНИ


85%

ПРОЕКТИ

150+

Brainster е компанија за едукација која комбинира податоци, врвен наставен план, експертиза, и ефективна стратегија за учење на вештини за маркетинг, програмирање, дизајн и бизнис.


+38970259911

ул. Костурски Херои 28 1000 Скопје

ЦБЦ Колектив Доо

Copyright © 2018