logo brainster

Започни кариера во tech индустријата за само 6 месеци

Без разлика какво ти е претходното образование, дали си вработен или се спремаш да започнеш кариера, сега е моментот да почнеш да учиш на првата Академија за WordPress во новиот технолошки центар на Brainster.

Академија за

WordPress девелопери

WordPress девелоперите се меѓу најбараните во tech индустријата

На најголемата платформа за freelance работа Upwork во моментов има над 125 илјади активни огласи во кои се бараат WordPress девелопери.  Просечна цена по час за еден јуниор девелопер во моментов се движи околу 20 долари но со зголемување на искуство цифрата расте брзо до сума од над 60 долари по час. 

Побарувачката за WordPress девелопери е исклучително голема. За само 6 месеци можеш да станеш дел од најглемата глобална Tech заедница и да станеш full-stack WordPress девелопер.

Ова не не' изненадува бидејќи WordPress е лесен и интуитивен за користење. Скоро една третина од сите интернет страници кои функционираат во моментов се направени во WordPress, а како платформа за управување со содржини (CMS) е на убедливо прво место со над 75% од пазарот (за споредба Joomla која е на второ место има удел на пазарот од само 9%). WordPress е исто така и најбрзо растечка платформа за е-трговија. WooCommerce, најпопуларниот плагин за онлајн трговија, моментално стои позади повеќе од 1,4 милиони интернет продавници.

За промена на кариера се потребни само храброст и упорност

Дали знаеш дека скоро секоја наша успешна приказна започнала со „сигурно нема да ме бива да програмирам“? Над 90% од кандидатите кои се запишале и успешно ги завршиле нашите академии за програмирање почнале со голема несигурност. И тоа е сосема нормално бидејќи сите се спремале да почнат да учат нешто за што немале претходно познавање.


Царински застапник и инженер по прехранбена технологија, службеник во администрација, средношколец, банкар и многу други. Сите покажаа дека се што е потребно за успешна промена на кариера е храброст и упорност.

Процентот на вработување, успешна промена на кариерата или започнување на сопствен бизнис кај досегашните студенти е над 85%.  


Дополнително, 80% од тимот на Brainster го сочинуваат луѓе кои поминале низ академиите што ги организираме.

Кристијан Бобевски

Пред почетокот се двоумев дали програмирањето е правиот избор за мојот професионален живот,  сега со сигурност можам да потврдам дека сум го направил најдобриот избор.

Елизабета Илиева

Една година по запишувањето на Академијата се вработив како јunior backend engineer во doXteam. Ми се допаѓа ентузијазмот и желбата за работа што ги читам во очите на колегите. 

Иван Микулец

„Веќе работам како програмер во фирма за ЕРП софтвер. Благодарение на Brainster, успешно се преквалификував и го работам она што низ годините сфатив дека го сакам.“

Благица Божиновска

„Моментално работам во софтверска фирма – Steets, и слободно можам да кажам оваа промена е најдоброто нешто што сум го направила во животов!“

BRAINSTER НИЗ БРОЈКИ

ОБУКИ

500+

СТУДЕНТИ

8000+

ВРАБОТЕНИ


85%

ПРОЕКТИ

150+

ПАРТНЕРИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

100+

ИНСТРУКТОРИ

50+

LEARNING ПАРТНЕРИ

35+

Пред да започне академијата ќе добиеш материјали за да можеш успешно да се подготвиш за академијата и веднаш да започнеш со работење на реални проекти.


Материјалите вклучени во бесплатната подготвителна програма се:


- вебинари

- видео туторијали

- e-books

БЕСПЛАТНА ДВОМЕСЕЧНА МЕСЕЧНА ПОДГОТВИТЕЛНА ПРОГРАМА

1 - 3 НЕДЕЛА: WordPress Admin

Како да конфигурираш сервер и како да инсталираш WordPress платформа на истиот. 

Како да направиш и да прилагодиш три целосно функционални WordPress страници. 

Како да пронајдеш и да инсталираш соодветни WordPress теми и плагини, како да креираш и објавуваш содржини. 


Ќе научиш се што е неопходно за успешно администрирање на еден WordPress сајт.


4 - 12 НЕДЕЛА: Frontend Bootcamp

Ќе ги научиш основите на HTML и CSS и како истите помагаат да прилагодуваш веќе постоечки страни а понатака како да создаваш целосно нови дизајни. 


А со JavaScript и jQuery ќе можеш брзо и ефикасно да ги збогатуваш функционалностите на страниците на кои ќе работиш во текот на академијата.


6 МЕСЕЧНА ИНТЕНЗИВНА ПРОГРАМА

13 - 18 НЕДЕЛА: Backend Bootcamp

Ќе започнеш со учење на PHP, програмскиот јазик кој стои зад WordPress, со посебен фокус на објектно ориентирано програмирање. 


Потоа ќе продолжиш со запознавање со бази на податоци преку MySQL.


19 - 25 НЕДЕЛА: WordPress Advanced

Пред крајот на академијата ќе започнеш со комбинирање на претходно стекнатото знаење и работење на создавање на custom WordPress тема и плагин.


26 НЕДЕЛА: Career Week

На крајот од академијата ќе имаш серија од неколку работилници фокусирани на почеток на твојата нова кариера. Како да подготвиш ново CV и портфолио, како да се спремиш за твоето прво интервју во некоја од ИТ компаниите.


Зошто е важна работата на реални проекти?

Ние во Brainster веруваме дека преку практична примена на наученото најбргу се стекнуваш со вештини кои можат да ти помогнат веднаш да ја започнеш твојата нова кариера. Затоа сите наши академии вклучуваат и практична работа на реални проекти за да можеш брзо и ефикасно да провериш дали навистина ја имаш совладано материјата. На проектите се работи индивидуално и во групи, за да можеш да стекнеш доволно искуство за да се снаоѓаш сам но и да можеш веднаш да почнеш да работиш во некоја од ИТ компаниите.


Академијата за WordPress вклучува 9 реални проекти кои ќе ти помогнат да ги совладаш сите модули и да можеш да започнеш кариера како full stack WordPress девелопер.


На сите академии на Brainster, студентите во текот на програмата ќе имаат прилика да посетуваат работилници за креирање на портфолиjа, подготовки за интервјуа и кариерни консултации како дел од Brainster Career Week, каде обуката ќе ја водат професионалците од платформата за поврзување на компании и професионалци од дигиталните индустрии - WeAreLaika.com

Ексклузивно партнерство за вработување со WEARELAIKA.COM

Следната група на Академијата ќе започне во март 2020 година, а часовите ќе се одржуваат 3 пати во неделата, во работни денови, во две групи со почеток од 17:30 и 20:00 часот, во времетраење од 2 часа. 


Предвидени се и термини за вежби секоја сабота.


Групите ќе бидат составени од по 20 учесници, а селекцијата на кандидати е во тек.

Пополни ја апликацијата

со твоите податоци

1

Дојди на средба во нашите канцеларии во термин за кој ќе те известиме

2

3

НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ

ЗАПОЧНИ ДА УЧИШ ЗА КАРИЕРАТА ОД СОНИШТАТА!

3

ТЕРМИН

МАРТ 2020

26 март  2020

почеток

20 окт. 2020

крај

3 ДЕЛУМНИ СТИПЕНДИИ ЗА НАЈДОБРИТЕ КАНДИДАТИ


ЦЕНА НА АКАДЕМИЈАТА  - 1.900 EUR 

 СО МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ ДО 15 МЕСЕЧНИ РАТИ БЕЗ КАМАТА

За повеќе информации околу можностите за финансирање, контактирајте го

Ѓорѓе Ѓорѓевиќ, координатор на Академијата на 076/512-284

САКАШ ДА ЈА НАПРАВИШ ТВОЈАТА КОМПАНИЈА DATA DRIVEN?

Трансформирај го бизнисот во 2020-та. 

Доколку твојата компанија има застарена интернет страница или ја нема воопшто, плаќаш надворешни соработници да ја одржуваат, интернет пребарувачите имаат проблем да ја пронајдат и стават на првата страница, тогаш е време да размислиш за WordPress.


Единствена платформа која со минимално вложување и кратка обука може да ти помогне да го преземеш твојот бизнис целосно во твои раце.


Стани наш Learning Partner

Нашите студенти ќе работат на твојот проект под водство на менторите. Ќе добиеш готов продукт, а нашите студенти практично искуство кое ќе го стават во своето портфолио.


за компании

Brainster е компанија за едукација која комбинира податоци, врвен наставен план, експертиза и ефективна стратегија за учење на вештини за маркетинг, програмирање, дизајн и бизнис.

+38970259911

За нас:

Продукти на Brainster:

Следете нѐ на:

Brainster © 2019